Бафет: „Grexit“ може да е корисно за еврозоната
Објавено во: Анализа, Балкан, Економија 02 Април, 2015 08:20
Последиците од евентуално излегување на Грција од еврозоната може да се позитивни, смета легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет.
„Ако Грците ја напуштат зоната, тоа не мора да се оценува негативно за еврото“, изјави шефот на инвестициска компанија „Berkshire Hathaway“ пред „CNBC“. Таквиот чекор може да доведе до тоа, останатите земји членки на зоната да се разберат подобро за идна фискална политика. За регионот пак излегувањето на Грција како целина исто така ќе биде конструктивно.
„Ако секој научи дека правилата значат нешто и треба да се почитуваат и ако има општа согласност во врска со фискалната политика меѓу членовите или нешто слично, тоа може да е добра вест“, рече Бафет.
Веќе неколку недели Грција се обидува да склучи договор со меѓународните кредитори за да добие зелено светло за уште средства - 7,2 милијарди евра од спасувачката програма за вкупно 240 милијарди евра. Без нова помош според внатрешни извори Атина е под закана од банкрот во рамките на 4 недели.
Бафет исто така изјави дека нема одредена „крајна зона“ за трансакции како оваа за спојувањето на „Kraft Foods Group Inc“ и „HJ Heinz Co“.
„Ние се надеваме дека тоа не е нашата последна важна трансакција“, рече Бафет. „Нема финална права за тоа“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





