05 Декември, 2025
0.0843

Бафет ја загуби првата милијарда, можете ли да замислите која компанија е виновникот за ова?

Објавено во: Анализа 16 Април, 2014 08:28

Добивај вести на Viber

Првите три месеци од 2014 година се веќе во историјата. Акциите на една компанија од портфолиото на инвеститорот Ворен Бафет проголтаа 1 милијарда долари од неговата вредност. Ќе останете изненадени, штом дознаете која е таа. Во првиот квартал акциите на Coca-Cola со леснотија избришаа 6,4% од својата вредност. Имајки предвид дека Бафет поседува 400 милиони акции, проценети на 16,5 милијарди долари на почетокот на годината, овој колапс во цената значи дека позицијата на Вerkshire Hathaway е изтенчен за близу 1,1 милијарди долари. Продажбата на безалкохолни пијалоци не ги оправда очекувањата на аналитичарите, кога Концернот ги соопшти финансиските резултати во средината на февруари. Голем број прашалници изникнаа во врска со иднината на компаниите кои произведуваат безалкохолни пијалаци. Дел од нив се предизвикани од фактот дека голем дел од Американците, а и не само тие, почнуваат да обраќаат повеќе внимание на своето здравје. Голем број ја ставија под сомнение и вредноста на Coca-Cola. Многу луѓе сепак забораваат дека Coca-Cola сака да се прошири подалеку од своите надлежности поврзани со производство на безалкохолни пијалаци. Во 2007 година концернот ја стекна Vitaminwater за 4,2 милијарди долари. Во февруари пак соопшти дека веќе има 10 - процентен удел во Green Mountain Coffee, проценет на 1,25 милијарди долари. Тоа не е малку, ако ги додадеме и брендовите од рангот на Simply and Honest Tea. Како дополнување на кажаното, многу малку луѓе сфаќаат дека Coca-Cola сака да врати дел од добивката кон своите акционери. Нето добивката на компанијата за 2013 година изнесува 8,6 милијарди долари. 8,5 милијарди долари од финансискиот резултат Концернот врати кон акционерите во форма на дивиденди или на повратните купувања на акции. Ова е една од причините поради која го испегла сооднос цена / добивка (исклучувајќи ги девизните движења) и се зголеми за 8%, иако нето добивка се намали за 5%. Самиот Бафет забележа дека како резултат на откупот на уделот на Berkshire Hathaway во Сoca -Cola порасна од 8,9 % до 9,1%. Иако ова може и да не изгледа толку важно, тој вели: "Ако мислите дека неколку десетини од процентот не се важни, тогаш размислете за тоа - ако во секоја од четирите компании Wells Fargo, American Express, Coca-Cola и IBM, земени заедно, го зголемиме со една десетина од процентот нашиот удел во нивниот капитал, тоа ќе го зголеми уделот на Вerkshire во годишните нивните добивки со 50 милиони долари. " Вредноста на позицијата падна и сега е под 15 милијарди долари. Но Berkshire Hathaway плати само 1,3 милијарди долари за овие акции, што значи дека Бафет и компанијате се се уште најпрофитабилните, кога зборуваме за Coca-Cola. Пред една година Бафет истакна: "Никогаш не сум продал акции на Coca-Cola и дури не сум помислил да продадам." Имајки го предвид тоа, неговата загуба во милијарди ќе остане само на хартија. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени