Бајден блокираше продажба на челичарница во приватен посед на странци
Објавено во: Економија 03 Јануари, 2025
Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи официјално да ја блокира планираната продажба на американската челичарница УС Стил, која требаше да ја купи јапонската компанија Нипон Стил, за 14,9 милијарди долари.
Одлуката за блокирање на договорот дојде и покрај противењето на некои високи советници кои се загрижени дека тоа може да им наштети на односите меѓу САД и Јапонија, според Вашингтон пост, кој прв ја објави одлуката.
Портпаролот на Белата куќа одби да ги коментира извештаите, додека извор изјави за Ројтерс дека одлуката е очекувана. Портпаролот на Нипон Стил, исто така, одби да го коментира извештајот.
УС Стил претходно објави соопштение во кое ја изразува својата надеж дека „Бајден ќе направи вистински разумен избор и ќе го почитува законот со одобрување на трансакцијата која јасно би ја подобрила националната и економската безбедност на САД“.
Бајден рече дека сака УС Стил да остане во домашна сопственост и управувана од американски компании, додека новоизбраниот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го блокира договорот откако ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.