19 Декември, 2025
0.0444

Бакрачески: „Сахарјан Македонија“ќе ги запази сите законски и еколошки норми

Објавено во: Економија 30 Април, 2013 14:23

Добивај вести на Viber

Таткото Охрид Никола Бакрачески изрази задоволство од подготвеноста на компанијата „Аткинс“, како главен проектанат на луксузниот хотелски комплекс „Сахарјан Македонија“ што се најавува дека ќе се гради на Охридското Езеро кај Свети Наум, да се прифатат сите забелешки и критериуми што од нив ќе ги побараат македонските власти.

- По тој аспект можам само да упатам смирувачки тон до сите загрижени граѓани на Охрид и оние скептици кои сметаат дека што било ќе се гради спротивно стандардите. Во никој случај, ниту  државните институции тоа ќе го дозовлат, ниту јас како градоначалник ќе се согласам со изградба на нешто што по која било основа ќе отстапува од строгите законски и еколошки норми, рече Бакрачески.

По однос информациите објавени во медиумите дека Македонската православна црква, која е сопственик на поголемиот дел од земјиштето кај Свети Наум каде е предвидена изградбата на комплексот дека се спротивставува на изградба на какви било објекти од тој вид на вакафско земјиште, Бакрачеки рече дека досега не чул за противењето на Црквата, ниту од него досега била побарана официјална средба за разговори по тоа прашање.

- Она што можам да го кажам е дека пред две седмици во Министерството за транспорт и врски се одржа средба во широк состав, со присутни претставници на сите релевантни институции засегнати со изградбата на комплексот, од инвеститорот, преку проектантското студио „Аткинс“, до министерствата за транспорт и врски, за култура, за заштита на животната средина, на Хидробиолошкиот завод од Охрид и Националниот парк „Галичица“. Она што можам да го потврдам е дека кај инвеститорот и кај надлежните институции постои подготвеност да се реализира таа инвестиција, додаде градоначалникот на Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра