15 Јануари, 2025
0.0661

Балкан Енерџи Груп има проблем со испорака на сметките за парно греење

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Наближува тајмингот кога  треба да се испорачаат јануарските сметки за парно греење, а според информациите новите производители, снабдувачи и дистрибутери на топлинска енергија, руската фирма Балкан Енерџи Груп сеуште ги нема податоците за своите потрошувачи за да им ги достави сметките.Нејасно е и по која цена ќе се пресметува, затоа што гасот поефтини за 17% Се проблематизира и доставувањето на сметките за парно греење, руски Балкан Енерџи Груп ги нема податоците за своите потрошувачи. Нема речиси никаква информација како до граѓаните и институциите кои користат парно греење да се испорачаат јануарските сметки. Податоците се во сопственост на Топлификација АД Скопје, поранешната компанија која го раководеше топлификациониот бизнис. Дополнително, проблем е и заштитата на личните податоците. 50.000 корисници чекаат сметки Од новите играчи во топлификациониот бизнис Балкан Енерџи Груп околу 50.000 корисници на парно греење чекаат да добијат сметки за јануари. Има ли руската компанија софтвер со податоци за потрошувачите, затоа што комјутерскиот софтвер во кој се наоѓаат податоците за корисниците - се на скопска Топлификација и тие според законските прописи без согласност на потрошувачите не смеат да се дадат на друг, без претходно добиена дозвола од самиот корисник односно граѓанин. „Во тој софтвер се наоѓаат, трансакциони сметки на корисници, нивни телефонски броеви кои не смеат да се даваат на друго лице без согласност од самиот потрошувач “, велат за Фактор доброупатени извори. Не е исклучена можноста и јануарските сметки да ги подели Топлификација АД Скопје, но најверојатно за тоа УО на компанијата ќе бара соодветен надомест од страна на Русите. По која цена ќе се пресметува парното – гасот во јануари поефтини за 17% Со оглед на фактот што цената на природниот гас од почетокот на годинава беше намалена за 17%, очекувањата се дека треба да се намали и цената на парното греење, бидејќи природниот гас е еден од клучните енергенси за производство на топлинска енергија. Регулаторната комисија за енергетика, пак сеуште нема правилник за утврдување на цената. И затоа сега на потег се токму регулаторите кои веднаш треба да донесат нов правилник за утврдување на цената на парното греење, а потоа да донесат и одлука за поефтинување на парното. „Со оглед на фактот што регулаторите го поефтинија гасот, но и мазутот, двата клучни енергенси за производство на топлинска енергија, сега по донесување на правилникот, цената на парното греење треба да поефтини за најмалку 12%“, коментираат извори за Фактор. Зошто регулаторната комисија за енергетика не го поефтинува парното греење, одговор сеуште нема. Алфа ТВ: Групирања во Топлификација Алфа ТВ во петокот во својот неделен берзански преглед објави дека постои инцијатива на група акционери на Топлификација кои преку организирање во здруженија и потпишувања на полномоштва се обидуваат да ја заштитат компанија од евентуално непријателско превземање на управувањето од страна на малцински акционер. Ова, соред телевизијата  би требало да значи започнување на постапка во која што малцинскиот акционер со зголемување на учеството во акционерскиот капитал би се обидел да ја обезбеди и контролата во компанијата. Редакција Фактор  

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања