05 Декември, 2025
0.0452

Балкан Енерџи Груп ја доби лиценцата на Топлификација

Објавено во: Економија 31 Декември, 2012 17:34

Добивај вести на Viber

Топлификација потпиша договор за закуп на основните средства неопходни за вршење на дејноста производство на топлина со новиот носител на лиценца Производство на топлина Балкан Енерџи Груп, објави Регулаторната Комисија за Енергетика. Согласно договорот за закуп новиот носител на лиценца има обврска да инвестира во основните средства износ во висина на годишната амортизација на основните средства со цел вредноста на истите да не се намалува. Исто така новиот носител на лиценца на Топлификација  ќе и плаќа закупнина во висина на одобрениот принос на капитал за оваа дејност кој во согласност со постојните акти на Регулаторната Комисија за Енергетика изнесува околу 1 милион евра на годишно ниво. Согласно договорот за преземање на вработените, новиот носител на лиценца се обврза да ги преземе сите вработени од фирмите кои досега беа носители на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Според деловниот план на Топлификација АД за наредните три години се очекува позитивен биланс на успех и тоа:  за 2013 година добивка од околу 700.000 евра, за 2014 година добивка од околу 2,2 милиони евра и за 2015 година добивка од околу 2,6 милиони евра. Позитивниот нето готовински тек во 2013 година се очекува да биде околу 10,4 милиони евра, во 2014 година околу 4,3 милиони евра и во 2015 година 3,1 милиони евра. Ваквите резултати за нето готовинските текови во следните три години ќе овозможат намалување на задолжувањето на Топлификација АД во висина од околу 17,6 милиони евра.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?