05 Декември, 2025
0.1512

Балкан енерџи груп ќе ги гради Чебрен и Галиште?!

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2013 16:23

Добивај вести на Viber

„Балкан енерџи груп“ се јавува како една од фирмите заинтересирани за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште на Црна Река. Фирмата вече соопшти дека ја подигнала тендерска документација. „Имаме намера да инвестираме во мега проектот Чебрен–Галиште, како и во други проекти за производство на електрична и топлинска енергија во Скопје, пред сè, заради зголемување на квалитетот на услугата кон граѓаните, преку подобрување на енергетската ефикасност на енергетскиот систем и неговите перформанси. Со реализација на овие активности во голема мера ќе придонесеме за енергетската независност и стабилност на Република Македонија“, соопштуваат од компанијата. „Балкан енерџи груп“ е македонска компанија со странски капитал основана од „Кардикор Инвестмент ЛТД“ и „Битар Холдинг ЛТД“, која инвестира во производствени енергетски капацитети и дејности. Компанијата од 1 јануари е лиценциран снабдувач со топлинска енергија на Скопје. Инаку како што Фактор веќе објави Чебрен и Галиште под нови услови им се нудат на странските инвеститори. Владата одлучи овојпат да ја зголеми браната на акумулацијата Чебрен на 190 метри, наместо досега проектираните 182. Браната на хидроцентралата Галиште пак, најверојатно ќе се намали на 110-115 метри, наместо досегашните 132 метри. Во вака скроената тендерска документација, се уште останува простор новиот инвеститор и ЕЛЕМ да се договорат дали ќе се градат двете хидроцентрали или само Чебрен. Тендерската документација ќе ги чини инвеститорите 5.000 евра, кои ќе треба да да легнат на сметка на Министерството за животна средина. Владата ги зацементира условите за новиот инвеститор – Чебрен и Галиште да ги гради оној кој ќе понуди највисок процент на влог на ЕЛЕМ во заедничката фирма, кој не смее да биде помал од 39%. ЕЛЕМ ќе треба да ги преземе сите инвестиции за реализација на проектот. Токму учеството на ЕЛЕМ во заедничката фирма до сега беше “камен на сопнување“ меѓу Владата и инвеститорите. Според Владата, најатрактивно за инвеститорите ќе биде ако во заедничката компанија, веќе постоечката хидроцентрала Тиквеш им се даде на инвеститорите три месеци по почетокот на изградбата на ХЕЦ Чебрен. По одобрувањето на проектот и добивањето градежна дозвола, потенцијалниот инвеститор ќе мора да го изгради Чебрен за седум години од денот на почетокот на градбата, пишува во најновата тендерска документација за изградба на овие две најголеми хидроцентрали кои треба да се градат на Црна река, кај Мариово.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино