Балкан стенд-ап во Скопје: Кој вели дека добрата забава мора да биде скапа!
Објавено во: Стил 05 Ноември, 2012 23:05
"Oва е трета година како Балкан Стенд-ап фестивалот се случува во Македонија. Овојпат решивме да им овозможиме буквално на сите заинтересирани без разлика на возраста да имаат можност во живо да уживаат на најквалитетниот балкански хумор, па поради тоа фестивалот го одржуваме во клуб Колосеум. Исто така, од 8те присутни годинава дури шестмина не беа присутни на минатиот фестивал, додека тројца извесувачи за прв пат и се појавуваат пред нашата публика. Многу ми е ќеиф што за кратко време Балкан Стенд-ап стана еден од најреспектираните стенд ап фестивали на овие простори”– вели Жарко Димитриоски, домаќин и организатор на Балкан Стенд-ап 3.
Стоечката комедија или стенд-апот е исклучително популарна форма на забава во западните земји, а особено во САД, каде стенд-ап комичарите уживаат статуси на ѕвезди и уметници. Минатогодишниот собир на балканскиот стенд-ап крем во преполниот скопски клуб '69' помина исклучително успешно и ја воодушеви македонската публика.
Картите ќе може да се купат од 1ви ноември преку продажните места на "Купи карти за се".
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





