17 Јануари, 2025
0.0253

Балканска невозможна мисија – „Карго 10“

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Обидот и на терен да профункционира „Карго 10“ - заедничката железничка компанија меѓу Србија, Словенија и Хрватска е тешко остварлив проект, велат за Фактор доброупатени извори во министерство за транспорт и врски од Македонија.

„Има бројни бариери и административни пречки што стојат пред овој железнички предизвик, а кои реално тешко ќе може да се совладаат. Дополнителен аргумент дека реализацијата на оваа идеја е тешко изводлива зборува и самиот податок што за проектот се зборува уште од 2010 година, но постојано се одложува неговата реализација“, велат за Фактор извори од македонското министерството за транспорт и врски.

Пред три години, односно во септември 2010 година, властите на Србија, Словенија и Хрватска во Белград потпишаа протокол со што практично уште тогаш ја формираа компанијата – „Карго 10“. Првиот воз на оваа компанија според најавите требаше да тргне еден месец подоцна, односно на први октомври 2010 година од Љубљана. Но тоа не се случи.

Македонија во 2010 година не доби покана за учество во оваа компанија туку само и беше дадена опција да ја изнајмува инфраструктура, односно да ги рента пругите по кои ќе се движат заедничките возови на Србија, Хрватска и Словенија. Во заедничката компанија, Македонија ниту тогаш не се вклучуваше со основачки дел иако пројавила интерес. Сепак, најавите за овој проект спласнаа речиси веднаш по потпишувањето на протоколот. Сега, три години подоцна, со мали промени идејата повторно се враќа во игра.

„И покрај тоа што Македонија и сега е вклучена во еден сегмент од овој проект, сепак тоа е само формално. Тоа е за да не следуваат критики од јавноста дека земјава стои настрана додека регионот се здружува за заеднички настап. Но очигледно дека овој проект засега е неостварлив и тешко ќе може да се реализира“, велат за Фактор извори од министерството за транспорт и врси на Македонија.

Целта на оваа железничката компанија е намалување на времето на транспортот по Коридорот-10, како и со подобра организација да се конкурира на алијансата на Коридор 4, во која се здружени железниците на Унгарија, Романија и Бугарија. Реализацијата на оваа идеја би значела скратени царински формалности на граничните премини, и поефикасен, побрз и порентабилен превоз.

Нова најава за Карго 10 - Србија чека потпис со Хрватска и Словенија

Новата најава за Карго 10 стигна од српската влада. По три години од првичната идеја, сега повторно се актуелизира овој проект. Генералниот директор на Железница Србија, Драгољуб Симоновиќ, вчера изјави дека се е подготвено за создавањето на заедничко железничко претпријатие на Србија, Хрватска и Словенија Карго 10 кое треба да го зголеми транспортот на железничкиот Коридор 10.

Според него, српската влада дала поддршка за Карго 10 и веќе испратила договори на потпишување во Словенија и Хрватска. Симоновиќ вели дека особено е важно за транспортот по овој коридор да се намали задржувањето на возовите на границите со Хрватска и Македонија, каде што не би требало да се чека повеќе од 30 минути, јави Танјуг. Се предвидува седиштето на компанијата да биде во Љубљана, а заедничката железница ќе располага со пет проценти од вкупниот број возови на железниците од трите земји. Србија, Словенија и Хрватска би требало да имаат по една третина од уделот во Карго 10.

С.Н

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби