БАНКАРСКИТЕ КУЌИ И ПРОГНОЗИРААТ СИЛЕН РАСТ НА ИНДИЈА: Ќе ја надмине Америка и ќе стане втора по големина економија во светот
Објавено во: Економија 12 Јули, 2023
Индија може да стане втора по големина економија во светот до 2075 година, а дотогаш да ги надмине Јапонија, Германија и САД, се наведува во најновата прогноза на „Голдман Сакс“.
Како што пишува во извештајот на овој инвестициски гигант, предностите што моментално ги има Индија се зголемената популација, капиталните инвестиции и зголемената продуктивност на работниците, но и се помалиот број на зависни лица.
Економистот на „Голдман Сакс“ специјализиран за Индија, Сантана Сенгупта, наведува дека во следните две децении, земјата ќе има еден од најниските соодноси на зависни и вработени меѓу регионалните економии.
Според тоа, следните 20 години претставуваат временски прозорец во кој Индија треба да ги прошири своите производствени капацитети, пазар на услуги и инфраструктура, наведува тој, пренесува „CNB“.
Голдман Сакс го наведува напредокот на Индија во технологијата како важен фактор за економскиот раст на земјата.
Приходите на индиската технолошка индустрија се очекува да пораснат за 245 милијарди долари до крајот на оваа година, според прогнозата на Наском, индиската невладина трговска асоцијација.
Тој раст ќе се потпира на областите на информатичката технологија, управувањето со деловните процеси и производството на софтвер, според прогнозата.
„Голдман Сакс“ на таа листа ги додава капиталните инвестиции.
- Стапката на штедење во Индија веројатно ќе се зголеми со падот на коефициентите на зависност, зголемувањето на приходите и поголемиот развој на финансискиот сектор, што веројатно ќе го направи фондот на капитал достапен за понатамошни инвестиции - се вели во извештајот на инвестицискиот гигант.
ПОТЕНЦИЈАЛНА „АХИЛОВА ПЕТА“ НА ИНДИСКИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ
Експертите од „Голдман Сакс“ ја сметаат ниската стапка на учество на работоспособните Индијци на пазарот на трудот како потенцијална слаба точка за очекуваната економска експанзија на земјата.
- Стапката на учество на работната сила во Индија е намалена во текот на изминатите 15 години, се вели во извештајот, истакнувајќи дека стапките на учество на жените се „значително пониски“ од мажите. Се нагласува дека само 20 отсто од работоспособните жени се вработени - што во извештајот се објаснува и со тоа што најголем дел од нив работат сезонски.
ИНДИЈА Е ТРЕТА НАЈГОЛЕМА ЕКОНОМИЈА НА СВЕТОТ ДО 2030 ГОДИНА
Ace & Pi Global и Morgan Stanley исто така предвидуваат дека Индија е на пат да стане трета по големина економија во светот до 2030 година.
Индискиот БДП во првиот квартал од тековната година се зголеми за 6,1 отсто на годишно ниво, лесно надминувајќи ги прогнозите на Ројтерс за раст од 5 отсто.
Се проценува дека економијата на земјата ќе порасне од 7,2 отсто за целата година, во споредба со растот од 9,1 отсто во фискалната 2021-2022 година.
Како што е наведено во извештајот на Голдман Сакс, специфичноста на индиската економија е во тоа што таа е поттикната од домашната побарувачка, за разлика од многу економии кои зависат повеќе од извозот во регионот, при што до 60 отсто од нејзиниот раст се припишува на домашната потрошувачка и инвестиции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.