Банки во Турција продаваaт големи количества долари за да го зачуваат курсот на лирата
Објавено во: Балкан 07 Јуни, 2013
Турските банки неочекувано и денеска предложија да продаваат големи количества долари, спроведувајќи ја големата операција на спасување на националната валута - лирата, соопштија претставници на деловните средини од лондонското Сити, цитирани од агенциите.
-Сето покажано води кон тоа дека турските банки извршуваат операција што има за цел да го поддржи курсот на лирата, посочи трговец со валути.
Како резултат на операцијата попладнево е регистирано зголемување за 0,2 отсто на курсот на лирата во однос на доларот, кога американската валута се разменуваше за 1,89 лири.
Антивладините демонстрации и протести во различни делови на Турција, што траат од 31 мај, почнуваат негативно да се одразуваат врз економијата на земјата. Во последните денови е регистриран силен пад на главниот индекс на Истанбулската берза, а државните обврзници на Турција се обезвреднети.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.