19 Декември, 2025
0.0401

БАНКИТЕ ОТПИШУВААТ ДОЛГОВИ: Се намалија проблематичните кредити!

Објавено во: Економија 25 Јули, 2016 07:47

Добивај вести на Viber

Драматично намалување на салдото на проблематични и нефункционални кредити. Само за еден месец, или во јуни во споредба со мај, оваа проблематична изложеност се намалила за 123 милиони евра. Овој тренд според Народната банка е резултат на една од мерките со кои монетарната власт ги задолжи банките да започнат со операцијата за “чистење“ на кредитните портфолија. Мерката на Народната банка за задолжително „чистење“ на кредитните портфолија од старите и целосно расходувани нефункционални кредити, статистички ги подобри показателите за квалитетот на кредитната изложеност на банките, но, од друга страна го анулираше кредитниот раст (кој, со изземање на ефектите од оваа мерка, заклучно со јуни 2016 година ќе беше двојно повисок). Сепак, со оваа мерка, учеството на нефункционалните во вкупните кредити се сведе на 7,5% и е за околу една третина помало во споредба со јуни 2015 година, кога изнесуваше 11,5%“ , објаснуваат од НБМ. Со ова, мерката даде позитивен ефект врз “чистењето“ кредитните банкарски портфолија, но од друга страна сепак, негативно влијаеше врз кредитниот раст. Дел од банкарите објаснуваат дека се работи за стари, веќе ненаплатливи побарувања, кои сеуште фигурираат на некој начин во билансите на банките. “Банките и натаму ќе можат преку свои инструменти  и законски можности да се обидуваат да ги наплатат овие побарувања, но тие веќе нема официлано да бидат дел од банакрските биланси, со што ќе се добие на некој начин и пореална слика за состојбата“, коментираат дел од банкарите. Во јуни салдото на проблематичните побарување изнесувало 333,4 милиони евра а во мај тоа беше 456,9 милиони евра. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар