Банките под притисок – ќе се намалуваат ли каматите?
Објавено во: Анализа, Финансии 11 Јули, 2013
Каматите на кредитите се намалуваат, но реални услови за позначитено поевтинување на кредитната понуда сеуште нема, оценуваат менаџерите на дел од банкарските групации во земјава.
Големите банки објавија дека се намалуваат каматите на потрошувачките кредити, на кредитните картички и тековните лимити. Помалите банки пресметуваат можност за поевтинување на станбените кредити, како помалку ризични. „НЛБ Тутунска Банка ги намали каматите и за кредитите и за депозитите. Овој потег е резултат на намалувањето на референтата камата. Така, каматите за депозитите се намалија од 0,1 до 0,4 процентни поени..Ова намалување се однесува и на денарските и на девизните депозити. “ – објаснуваат за Фактор од оваа банкарска групација и додаваат : „Банката ги намали каматите за потрошувачки кредити, кредитни картички и за лимитите на тековната сметка. Кај кредитите намалувањето се движи од 11,75% на 11,50%, пришто се опфатени само денарските кредитни пласмани. Новата пониска камата се пресметува од почетокот на овој месец“ – велат од НЛБ Тутунска Банка. Постои определена доза на притисок за намалување на каматите и за кредитите и за депозитите, но реални услови за позначаен пад не постојат, оценуваат од Стопанска Банка – Битола. „Следејки го трендот на намалување на референтната каматна стапка во земјава, како и 6 месечниот Еурибор од страна на Европската Централна Банка, може да се заклучи дека во близок период ке има определена доза на слаб притисок за намалување на каматната стапка на депозитните и кредитните продукти. Сепак сметаме дека во овој период нема да постојат реални услови за нивно драстично намалување со оглед на тоа дека нивото на нефункционални кредити и понатаму е на релативно високо ниво, што има значително влијание при дефинирањето на висината на каматните стапки на кредитите“ – вели за “Фактор“ Владимир Ефтимоски, директор на Стопанска Банка – Битола и додава : „Од друга страна кај понеризичните продукти како што се станбените кредити веќе подолг период се случува тренд на константно намалување на каматните стапки кои во вакви услови на работа веќе ја достигнуаат долната граница.“ – оценува Ефтимоски. Во првите четири месеци од годинава на ниво на банкарскиот сектор беше регистриран кредитен раст од 1 отсто. До крајот на годината, според проекциите на НБРМ кредитирањето треба да порасне со стапка од 7 проценти. Кредитните картички се затвораат - потрошувачките кредити се бараат! Сега, во екот на летната сезона, во обид да привлечат клиенти, дел од банките нудат атрактивни “летни“ кредити. Освен ниската камата, се нуди и греј-период за отплата. Иако од почетокот на годинава беше регистриран тренд на пораст на вкупната кредитна задолженост на граѓаните, сепак тоа се случува со забавено темпо. Банкарите велат дека граѓаните не само што внимаваат при задолжувањата, туку бараат и начин како да се раздолжат. “Од аспект на атрактивнот, може да се забележи константен тренд на затварање на кредитните картички како кредитен продукт. Ова се случува од причина што истите се со високи каматни стапки, како најризични пордукти. За таа цел најголем дел од клиентите се насочени кон сите други типови на кредити, пред се потросувачките и станбени кај физичките лица, додека кај компаниите во услови на проблеми во ликвидноста се продуктите наменети за таа цел. Во секој случај не би можело да се генерализира атрактивноста на кредините продукти бидејки понудата на пазарот е веке толку голема што секој клиент може да го најде она што најмногу одговара на неговите услови “ – вели Ефтимоски од Стопанска Банка – Битола. Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека во мај просечната камата на новоодобрените кредити изнесува 6,7% додека во април таа изнесувала 7%. Новата, намалена камата за новоодбрените кредити е на најниско ниво во последните пет месеци. Анализата на бројките покажува дека во мај се забележува намалување на каматата за новоодобрените денарски кредити додека кај оние со девизна клаузула има мал пораст. Во мај, за новопримените штедни влогови во денари, банкарите пресметувале камата од 2,6% (во април 2,2%), додека за девизните депозити таа изнесувала 0,5% (ова ниво се одржува три месеци по ред). Додека кај новообрените кредити се забележува тренд на поевтинување, кај постоечките кредитни пласмани, состојбата е непроменета. На ниво на целиот банкарски сектор, висината на каматната стапка за денарските кредити изнесува 8,1% а за девизните кредити 6,6%. А.Д.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.