18 Декември, 2025
0.0564

Банките во Белград одзеле 500 куќи и станови!

Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2013 08:14

Добивај вести на Viber

Поради неплатени рати за станбен кредит, банките во Белград одзеле 500 куќи и станови. Секоја десета таква недвижност е продадена за осум години, покажуваат податоците на Националната корпорација за осигурување на станбените кредити. Банкарите не се многу среќни кога зборуваат за бројот на проблематични кредити за станови, но на сајтовите на банките има се повеќе огласи за нивна продажба. Во таква ситуација се нашле дополнителни 500 граѓани, над чија недвижност банките во Белград ги активирале хипотеките. Поголемиот број банки не сакаат да говорат за тоа, а се согласуваат само оние кои немаат многу проблематични станбени кредити. -          Банката најпрвин ќе се обиде да го открие проблемот, да се види зошто клиентот не е во можност да ги врати доспеаните рати од кредитот, да се утврди некој можен модифициран ритам на отплата, евентуално воведување на некој грејс период или некој сличен инструмент кој ќе му овозможи на клиентот да го надмине тој период на криза, вели Мирослав Ребиќ, член на извршниот одбор на Сосиете женерал. За станбен кредит од 50.000 евра со рок на отплата од 30 години, банката зема 20.000 евра за камата. Поради се потешката отплата и високите камати, интересот за станбени кредити е намален. -          Некоја сеопфатна ситуација е главен виновник за тоа што се поголем број на луѓе остануваат без работа, оние кои и понатаму работат нивната плата во динари се уште е иста, значи нема пораснато, не го пратела растот на курсот на еврото и тогаш луѓето не можат да ги исполнат тие критериуми за добивање на станбен кредит, вели Дејан Гавриловиќ од здружението на банкарски клиенти – Ефектива. Во националната корпорација се осигурани повеќе од 75.000 станбени кредити. -          Не можеме да кажеме дека трендот на раст на кредитите со проблем во отплатата не постои, но во моментов и понатаму е пристојно мал. Корпорацијата отпочна плаќање за нешто повеќе од 500 доспеани кредити , а само околу 50 недвижности се продадени. Корпорацијата е подготвена и за ситуација со поголем број на проблематични кредити, велат од Националната корпорација во Белград. Познавачите на пазарот со недвижности советуваат, граѓаните веднаш штом сватат дека не се во можност да го отплаќаат кредитот редовно, прво да се обратат во банката, а потоа да започнат продажба на недвижниот имот пред активирање на хипотеката. Во таа ситуација, продавачот добива многу повеќе пари отколку станот или куќата да се продаваат на аукција. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии