Банкрот на Грција би го чинел секој Французин 1000 евра
Објавено во: Анализа 20 Февруари, 2015 12:20
Излегувањето на Грција од еврозоната би ја чинел Франција 59,7 милијарди евра, е најновата проценка на економскиот институт ИФО.
Според последната оценка на институтот „грикекзит“ Франција би ја чинел не како што досега се сметаше 40 милијарди евра или 615 евра по данок на обврзник туку 59,7 милијарди евра по данок на обврзникот , пренесува францускиот весник Еко.
Попрецизно кажано, доколку Грција би ја напуштила еврозоната не подмирувајќи ги своите долгови, Франција би изгубила 11,4 милијарди евра гаранција исплатени на Грција во текот на првиот план на спасување од 2010.
Притоа, Франција би останала осакатена за 31 милијарда евра исплатени во рамки на фондот за солидарност основан поради пружање на помош на најзагрозените земји на еврозоната ЕФСФ, во кој Франција вложила 20 одсто од средствата.
Грција добила околу 250 милијарди евра помош , во вид на позамувања, во рамки на два плана за спасување во 2010 и 2012 година.
На таа сума од 40 милијарди евра колку што Франција и позајмила на Грција, треба да и се додадат 20 милијарди евра колку што помеѓу 2010 и 2012 година вложила Европската централна банка за откуп на грчките обврзници.
Не треба да се заборават и парите кои поедини централни банки на еврозоната ги вложилие за спасување на грчката централна банка.
Франција и Германија исто така му дадоа гаранција на ММФ за грчкиот долг, се наведува во извештајот на минхенскиот институт.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





