28 Октомври, 2024
0.0250

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Јапонската електронска компанија „Funai“со седиште во Осака, најпозната по производството на телевизори, доби дозвола од властите да започне со спроведување на стечајните постапки.

„Funai“, иако не е толку познат како поголемите јапонски конкуренти како „Panasonic“, „Sony“  или „Sharp“, во последниве години изгради свој имиџ на пазарот на телевизори како снабдувач на големи, евтини малопродажни синџири: американскиот „Волмарт“ и јапонскиот „Џамед“.

Во земјата на изгрејсонцето, пред епидемијата на корона вирусот, имаше удел од седум и пол проценти на пазарот на ТВ уреди.

Меѓутоа, во последните години, жестоката конкуренција на јужнокорејските, а особено кинеските производители „Hysens“ и „TCL Technologies“ ја загрози нејзината позиција на еден од најевтините производители на телевизори на јапонскиот пазар.

Funai е јапонска компанија основана во 1961 година, позната по производство на електроника и апарати за домаќинство. Funai главно се фокусираше на производство на производи за други брендови (OEM manufacturing), што значи дека тие дизајнираа и произведуваа производи за други компании кои потоа ги продаваа под свои имиња.

Компанијата стана позната во периодот кога беа популарни видео рекордери (VCR) и ДВД-плеери. Во овој период Funai беше еден од водечките производители на видеорекордери, ДВД-плеери и Blu-ray плеери, соработувајќи со брендови како Philips, Sanio и Magnavox. Funai беше познат и по пристапните цени на нивните уреди, што им овозможи на нивните производи да допрат до широка публика.

Иако Funai го издржа преминот од аналоген во дигитален, со текот на времето тие се соочија со предизвици во конкуренцијата со големите играчи и технологии кои се развиваа побрзо отколку што можеа да продолжат.

Изразено во американски долари, нејзиниот долг сега изнесува околу три милијарди.

фото: YouTube/Print Screen

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови

Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови

КАЗАХСТАН И УЗБЕКИСТАН НОВИ ПАРТНЕРИ НА БРИКС: „Ова е веќе голем чекор“

КАЗАХСТАН И УЗБЕКИСТАН НОВИ ПАРТНЕРИ НА БРИКС: „Ова е веќе голем чекор“

ДОЛГОТ Е ПРЕГОЛЕМ: моден синџир затвора продавници низ повеќе балкански земји

ДОЛГОТ Е ПРЕГОЛЕМ: моден синџир затвора продавници низ повеќе балкански земји

„ПЛАТИТЕ ОД 6.000 ЕВРА МОЖЕ ДА СТАНАТ МИНАТО“: германскиот автомобилски гигант во криза, граѓаните стравуваат за иднината

„ПЛАТИТЕ ОД 6.000 ЕВРА МОЖЕ ДА СТАНАТ МИНАТО“: германскиот автомобилски гигант во криза, граѓаните стравуваат за иднината