02 Април, 2025
0.0347

БАРААТ РАБОТА А НЕМААТ ЗАВРШЕНО НИТУ ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ: и магистри под капата на Агенцијата за вработување, ама најмногу загрижуваат необразованите кадри

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2024 07:36

Добивај вести на Viber

Лицата без образование, но и оние со некомплетно образование се најбројните „трагачи“ по работа. Иако бројот на невработени граѓани кои бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување на Македонија бележи континуиран пад, има одредени „аномалии“ на пазарот кои загрижуваат. Последните податоци покажуваат дека и во јули бил забележан пад, со што бројката на лица кои се водат како невработени се спушти под границата од 100 илјади невработени.

Имено, последните податоци на Агенцијата објавени на нивната веб страна покажаа дека во јули како невработени биле пријавени 98.976 граѓани. Вреди да се напомене дека уште 46.291 лица се пријавиле во Агенцијата како лица кои бараат работа.

Иако бројот на лица кои се навработени и кои се во потрага по работа се намалува, сепак, загрижува фактот што одредени лица со години се водат како невработени и тешко успеаваат да најдат работа, но и податокот дека најголем дел од невработените се без образование или со ниско образование.

Бројките откриваат дека од вкупно 98.976 невработени дури 51.560 се жени. Притоа најголем број од невработените се во категорија без образование или со основно образование и тоа дури 60.307 од пријавените невработени лица. Притоа од овие 60 илјади невработи, 32.737 се жени.

Следна голема група се невработените со завршено средно образование. Тука како невработени се пријавиле 23.221, а од нив 11.457 се жени.

Граѓани кои се невработени и кои имаат непотполно средно образование се 8.134, а од нив 2.635 се невработени.

Со високо образование се 6.127 лица, од кои дури 4.048 се жени.

Зачудува податокот дека како невработени имаме и доктори на науки и магистри.

Па така на листа невработени лица се 530 магистар на науки, од кои 336 се жени.

Имаме и 16 доктори на науки кои се пријавени за невработени, од кои 9 се жени. Кај оваа категорија на граѓани се забележува промена од месец во месец, и бројката исто така се намалува, но и понатаму зачудува што високообразован кадар наместо веднаш да биде активиран во некоја работна средина, се пријавува во Агенцијата за вработување.

Според познавачите на пазарот на труд кај лицата без образование има дополнителни тешкотии да се вработат, токму поради фактот што тие се без образование, и голем дел од нив не се во можност да се дообразуваат, што ги прави тешки кандидати и за дообуки со кои би им се пронашле нови струки во кои може да работат.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕЛОСЕН КОЛАПС НА ЕВРОПА: Погрешните потези доведоа до целосно самоуништување (ВИДЕО)

ЦЕЛОСЕН КОЛАПС НА ЕВРОПА: Погрешните потези доведоа до целосно самоуништување (ВИДЕО)

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“