28 Септември, 2024
0.0238

Барајте работа во Турција, подалеку од Италија, Франција и Бенелукс!

Објавено во: Анализа 11 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Повеќето работодавци во светот очекуваат дека ќе вработат помалку луѓе во третиот квартал во однос на претходниот, покажува истражувањето на консултантската компанија за вработување Manpower. Намерите за вработување се подобрилеле во 11 земји, но се влошиле во 24, покажува истражувањето спроведено меѓу 65 илјади работодавци од 42 држави. Најголеми оптимисти се работодавците во Турција, Индија, Тајван, Нов Зеланд и Сингапур. Плановите за вработување остануваат позитивни во Грција, Ирска и Шпанија. Најмногу негативни се работодавците од еврозоната, особено оние во Италија, Белгија, Франција и Холандија - ова се единствените земји кои предвидуваат пад на вработеноста. Студијата на Manpower констатира дека оптимизмот на работодавците во САД го достигна 6-годишниот врв. На крајот на мај Меѓународната трудова организација предупреди дека бројот на невработени во светот ќе достигне 213 милиони во 2019 година од околу 200 милиони во крајот на 2013 година. Во оваа година нивниот број се очекува да порасне за 3,2 милиони . Тенденцијата за зголемување на невработените сепак нема да се должи на економските проблеми, туку на бавното темпо, со кои се создава нова и квалитетна вработеност, особено во земјите во развој. Во следните пет години е потребно да бидат создадени околу 200 милиони нови работни места, за да се следи темпото со кое новата работна сила излегува на пазарот на трудот, се наведува во извештајот. МОТ предвидува исто така дека во 2014 година невработеноста ќе се зголеми најсилно во земјите од поранешниот Советски блок и во Централна и Источна Европа. Истовремено околу 90 проценти од новите и квалитетни работни места ќе бидат создадени во земјите во развој, што ќе изврши притисок и врз протокот на мигранти. Во 2013 година над 231,5 милиони луѓе живееле во држава различна од нивната родна, како во однос на 2000 година бројот на мигрантите е зголемен за 57 милиони луѓе. K.K.