19 Декември, 2025
0.0497

Барозо: Ја оставам силна Европа

Објавено во: Свет 22 Октомври, 2014 16:15

Добивај вести на Viber

Жозе Мануел Барозо денеска во последното свое обраќање пред Европскиот парламент рече дека зад себе ја остава обединета, отворена и силна Европа.

Осврнувајќи се на фактот дека во текот на неговиот мандат, ЕУ речиси двојно го зголемила бројот на членки (од 15 на 28), заминувајќи претседателот на Европската комисија рекол: „Многумина предвидуваа дека Европската унија нема да може да функционира со 25, 27 или 28 членки и дека ќе биде блокирана. Реалноста е дека ЕУ не е блокирана со проширувањето. Реалноста е дека некогаш всушност било многу тешко меѓусебно да се усогласат некои од земјите-основачи на ЕУ, отколку сите 28 членки“.

Барозо токму проширувањето го гледа како механизам кој ја зголемил политичката моќ и економски потенцијал на ЕУ, но и овозможил слободен живот за пола милијарда луѓе, пренесува Дојче веле.

Во моментот кога неговиот наследник Жан-Клод Јункер, кој од 1 Ноември го презема претседавачкото место со ЕК, најавува консолидација н ЕУ без нови членки во наредните пет години, Барозо речиси горделиво го нагласува фактот дека ширењето на Унијата и нејзината подлабока интеграција биле компатибилни процеси во последните десет години.

После десет години на цела ЕК, Барозо во своето последно обраќање пред ЕП нагласи дека ЕУ, и покрај временски константните кризи, успеала да се отвори, консолидира и обедини на речиси целиот европски континент околу вредностите како што се мир, слобода и правда.

Финансиската и економска криза, како најголема криза во историјата на европскиот проект, покажа способност и отпорност на Унијата, не само да се прилагоди и стабилизира, туку и да постане и остане најјак глобален играч на полето на трговијата, борба против климатксите промени, хуманитарна и развојна помош и вложување во култура и иновација, смета Барозо.

Иако признава дека моменталниот економски раст во ЕУ и покрај „стабилизацијата“ сепак е „Помал од очекуваното“, Барозо го повикува Јункер да продолжи да ја води Европската унија со зацртаната политика и да продолжи со веќе започнатите реформи.

„Во Европа проблемите не се решаваат низ револуции или уште полоши контрареволуции туку со компромис, реформи и еволуција, порача Барозо.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците