17 Декември, 2025
0.0346

Беџет Пацоли – најбогат политичар на Косово

Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2014 11:07

Добивај вести на Viber

Најбогатиот политичар во Косово е претседателот на Алијансата за ново Косово и поранешен вицепремиер Беџет Пацоли, чие богатство се проценува на 340 милиони евра, објави Косовската агенција за борба против корупцијата. Пацоли, кој се смета за еден од најбогатите Албанци во светот, дури го зголемил имотот со 35 милиони евра во споредба со минатата година. Според пријавата за имотната состојба, тој поседува акции надвор од Косово во износ од 140 милиони евра, акции за 80 милиони евра во компанијата „Мабетекс холдинг”, акции за 20 милиони евра во осигурителната компанија „Сигуриа” и 42 милиони евра од хотелот „Свис Дајмонт” во Приштина. Пацоли поседува куќа надвор од Косово во вредност од 17,7 милиони евра и недвижности во странство од 7,3 милиони евра, приватен авион за 18 милиони евра и 7,5 милиони евра на банкарска сметка. На второ место по богатство е сопственикот на хипермаркетите „СТЦ” Рамиз Келменди, кој пријавил дека поседува 45,5 милиони евра, но за разлика од Пацоли, Келменди во споредба со минатата година осиромашил за 15 милиони евра. Најсиромашен е Албин Курти, лидер на движењето „Самоопределување”, кој откако го продал станот наследен од родителите, за време на предизборната кампања за парламентарните избори, сега живее во дом кој го изнајмува. Тој посочил годишни приходи од само 19 000 евра, исти како минатата година. Косовскиот премиер и лидер на Демократската партија на Косово Хашим Тачи пријавил вкупно богатство од 650 000 евра.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии