Бегалците не сакаат азил во Бугарија и Романија
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2016
Од 47 кандидати за азил, кои сфатиле дека ќе бидат испратени во Бугарија, 36 се откажале, а седум се водат за исчезнати.
Многу луѓе кои требало да бидат преместени од Грција и Италија во посиромашни земји од ЕУ, како Бугарија и Романија, се откажувале.
Според грчките власти од вкупно 1324 лица, чии случаи беа разгледани, 191 се откажале да заминат во овие две земји.
На крајот од 47 само четири лица пристигнале во Бугарија, информира Фокус. Ситуацијата во Романија е слична, 32 од вкупно 67 кандидати за азил не стигнале до земјата.