Бегалците пак го пробија кордонот, затворен автопатот кон Будимпешта
Објавено во: Балкан 09 Септември, 2015 12:23
Бегалците во прифатниот центар кај Реске повторно денес, трет ден по ред, го пробија полицискиот кородн и тргнале пеш кон правец на автопатот М5 кој води кон Будимпешта, извести телевизијата М1. Унгарската полиција повторно денес го затвори авто-патот М5 кој од Хоргош води кон Будимпешта.
Таа ТВ наведува дека околу 10:30 ч неколку стотици бегалци почнале да се пробиваат низ полицискиот кордон, а како причина на тоа, како што се наведува, е што бегалците не сакаат да се регистрираат.
Многумина од нив тргнале пеш кон автопатот кој од Хоргош води кон Будимпешта. Се очекува во овој центар во текот на денот да пристигна повеќе илјади бегалци од правец на Србија.
Затворен авто-патот од Хоргош води кон Будимпешта.
Унгарската полиција повторно денес го затвори авто-патот М5 кој од Хоргоша води кон Будимпешта, откако група бегалци во прифатниот центар кај Реске повторно, трет ден по ред, го пробиле полицискиот кордон и тргнале пеш по тој пат.
Затварњето на авто-аптот кај Реска ќе се одрази и на влезот во Унгарија преку истоимениот граничен премин до кој се доаѓа преку граничниот премин Хоргош во Србија.
Бегалците не сакаат да се регистрираат, и го пробиле полицискиот кордон при што ја принудиле полицијата на тој чекор, се очекува во текот на денот да пристигнат повеќе илјади бегалци од Србија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




