Бегство од Македонија: колку луѓе се отселија од земјава во изминатите пет години?
Објавено во: Анализа 18 Ноември, 2013 08:14
Деталната анализа на статистика покажува дека во континуран раст е и бројот на стручни луѓе/научници кои ја напуштаат Македонија. Инаку, како главни причини за надворешно мигрирање граѓаните посочувале семејни причини, но и вработување.
Инаку, според податоците од статистика македонските во 2012 година најмногу се отселувале низ европските држави.
Експерти: Одливот на младата интелегенција сериозен проблем. Стратегија има, но дали се имплементира?
Аница Драговиќ, продекан на Филозофскиот факултет, универзитетски професор - експерт за статистика и демографија, во интервју за „Фактор“ вели дека без исклучок, во сите постоечки државни стратешки документи, кои се однесуваат на населението и неговиот развој, миграциите, а особено миграциите на младите лица, како и миграциите на лицата кои се висококвалификувани, лица кои имаат завшено универзитетско образование се истакнува како проблем и се соодветно се предлагаат насоки на делување.
„За мене, ова се факти кои говорат дека државата е свесна за овој проблем и го прифаќа како проблем кој може да има свои последици врз понатамошниот развој на населението, како во демографска, така и општествена и економска смисла на зборот. Она што јас го знам, е тоа дека во јавноста имаше најава дека се подготвува стратегија за превенција или намалување на т.н. одлив на умови и моите очекувања се тоа да биде документ кој на сериозен начин ќе пристапи на овој многу комплексен проблем. Како што е впрочем состојбата и во другите стратешки документи. Имено, во сите стратешки документи кои се однесуваат на развојот на населението, вложен е голем труд и сериозно и претпазливо се дефинирани насоките и мерките и активностите, размислувајќи за одржливоста на истите, како и за нивната усогласеност со меѓународните документи и практики. Но, за мене многу позначајно е дали има имплементација на истите? Дали се следи и до каде е имплементацијата на истите? Дали кога ќе се направи SWOT анализата претежнуваат силните наспроти слабите страни, односно дали се поголеми можностите отколку заканите истите да се остварат? Морам да истакнам дека остварувањето на било кој стратешки документ кој се однесува на развојот на населението, во голем дел зависат од пошироката средина, резултатите треба да се очекуваат на подолг рок, но и многу чинат финансиски. За да се имплементира еден стратешки документ во сферата на развојот на населението, потребен е поинтегративен пристап за негово остварување и многу силна интерсекторска соработка. Потребно е заедно да се делува и во сферата на економијата и во сферата на образованието, здравството, но и да се внимава да не се загрозат основните права на човекот. Потребна е поизразена активност на сите актери во македонското општество, не само на државните институции, туку и на приватниот сектор, на локалните заедници и така натаму, но не само во еден момент, туку да се тоа подолготрајни заложби“, вели Драговиќ, упатувајќи апел до државата да превземе сериозни мерки за спрелување на одливот на млади умови кои ја напуштаат државата.
Бојан Мавков, студент на генерацијата на ФЕИТ ја напушти Македонија
Бојан Мавков е од Скопје, има 25 години, а веќе втора година живее и работи во Гренобл, Франција, каде го подготвува својот докторат. Тој својата ја приказна ја раскажа завчера за „Фактор“. Со просек 9,70 дипломира на ФЕИТ, Факултетот за Елктротехника и Информациски технологии на насоката КСИА (Компјутерско Системско Инженерство и Автоматика). Веднаш по дипломирањето, се пријавил на огласот за работа во МЕПСО. Ме одбија, немаше образложение. Само ми ги вратија документите на кои само пишуваше кој е примен. Не знам можеби сум немал искуство, скромно објаснува Мавков, во интервјуто за Фактор. Потоа вели Мавков решив да се испробам и да аплицирам за магистерски студии во странство. Добив стипендии за да студирам на повеќе универзитети во Европа и се одлучив за стипендијата која ја нудеше Француската амбасада преку Францускиот институт во Скопје. За волја на вистината имав можност за стипендија и од македонската Влада за да продолжам со едуцирање во странство, ама со обврска да се вратам во државата и да се ставам на нивно располагање, додава Мавков, кој патем зборува англиски, а го усовршува и францускиот јазик. Мавков е еклатантен пример за тоа како државата не се грижи за својата иднина, а дополнително кога на ова ќе се додадат и статистичките поразителни податоци за одлив на млад интелектуален кадар, повеќе од јасно е дека Македонија не е перспективна земја.
И.М
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





