„Бехтел и Енка“ стигна до 190 милиони евра заработка, се чека да ги оправда
Објавено во: Економија 06 Декември, 2023 07:50
Според финансиската програма, до крајот на 2023 предвидено е на „Бехтел и Енка“ да му се исплатат вкупно околу 250 милиони евра за првата година од изградбата на автопатите од Коридорот 8 и Коридорот 10Д, а досега се исплатени околу 190 милиони евра.
Барем така покажува платформата на „Отворени финансии“, со последната исплата од буџетот, односно од Министерството за транспорт и врски, кое во текот на ноември за оваа намена на јавното претпријатие „Државни патишта“ му префрлило 223.596.680 денари, што е 3,66 милиони евра.
Претходно слични бројки биле трансферирани во октомври и август. Во јули пак беа дадени околу 7,3 милиони евра за носителот на проектот за изградба на четири автопатски делници. Ова се значително помали суми по стартните 117 и 53 милиони евра одобрени за „Бехтел и Енка“.
Останува до крајот на годината да се види дали конзорциумот ќе ги добие уште предвидените 60-тина милиони евра, иако засега нема такви сигнали, ниту официјални ниту неофицијални, дека нешто се работи на терен.
Затоа пак досега се испорачани шест трансакции за американско-турската градежна компанија. Официјално изведувачот со работа започна на 13 септември, а течеа и повиците со кои се бараа работници. „Бехтел и Енка“ започна со изградбата пред три месеци со минирањето над гостиварското село Дебреше за пробивање на трасата на автопатот Гостивар – Букојчани на Коридорот 8. Изведувачот овој проект го гради со директни финансии од буџетот.
„Бехтел и Енка“ за помалку од половина година заработи десет пати повеќе од кинески „Сино Хидро“, изведувачот на автопатот Кичево - Охрид. Ова го покажува извештајот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за првата половина од 2023.
До 1 јули за оваа година за реализација на автопатската делница Кичево - Охрид финансирана од кинеската Ексим Банка потрошени се 1,006 милијарди денари, или само 16,36 милиони евра, а до крајот на годината треба да биде одлучено дали ќе се продолжи рокот, или ќе се бара нов кредитор.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




