20 Декември, 2025
0.0602

Бејли на граѓаните им порачува дека секој глас е важен

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2016 15:17

Добивај вести на Viber

Амбасадорот на САД во земјава,  Џес Бејли денеска на Твитер повика граѓаните да го искористат своето демократско право и додава дека секој глас е важен. 

Со ова Бејли се приклучи кон заедничката изјава на амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Скопје, кои во петокот порачаа дека изборите на 11 декември се можност земјата да направи нов почеток, да се обедини околу своите стратешки цели и да се врати на патот кон европската интеграција.

Тој на својот Tвитер-профил ја сподели заедничката изјава на амбасадорите на земјите членки на ЕУ и напиша дека се согласува со своите колеги од Европската Унија.


„Не можам повеќе да се согласам со моите колеги од ЕУ во нивната изјава. Секој глас е важен и ги повикуваме сите граѓани да го употребат своето демократско право, да гласаат и да ја обликуваат иднината на својата земја. Лидерите треба да спроведат кампања без заплашувања и насилство и да не подгреваат политички и меѓуетнички тензии“- напиша Бејли.

Денеска почна изборната кампања за изборите кои ќе се одржат на 11 декември. 

Партиите и коалаициите веќе ги закажаа своите први митинзи и почнуваат средби со граѓани. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки