16 Мај, 2024
0.0274

Бекири се разбуди: Ќе продаваме државни нафтени резерви, количините се тајни

Објавено во: Економија 24 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за нафта и нафтени деривати ќе продава од државните резерви за да ги обнови, но количините остануваат тајна. Иако Фактор ги објави информациите, од Дирекцијата решија да одговорат на нашите прашања ден покасно. Во одговорот сепак нема многу детали. Потврдуваат за продажбата и велат дека од резервоарите за кои досега никој не се грижел ќе продадат еуросупер од 95 октани во вкупна количина која одговара на 19 дневна потрошувачка во земјава и плус екстра лесно масло за домаќинство во количина која одговара на 37 дневна потрошувачка. Тврдат и дека горивото е во одлична состојба, иако познавачи за Фактор тврдеа дека со оглед на тоа што за овие резерви никој не се грижел со години, многу е веројатно дека квалитетот е дискутабилен. Дирекцијата прави нови законски измени со кои си овозможува продажба на нафтени деривати од резервите. Според одредбите продажбата ќе биде по пат на јавно наддавање, но и со непосредна спогодба.

КОЛКУ ДЕНА ПОКРИВА ГОРИВОТО КОЕ ЌЕ СЕ ПОКРИВА

Фактор објави дека со измените и со дополнувањата на законот,  Дирекцијата за прв пат уредува како може да продава нафтени деривати заради обновување. Во одговорите до Фактор на кои  е потпишан директорот Уљуси Бекири стои дека за годинава е предвидена продажба на гориво од шест резервоари кои имаат капацитет од 2.700 метри кубни или вкупно 16.200 метри кубни. Количината ја сметаат за класифицирана информација па во одговорот Бекири наведува дека количините на Еуросупер БС 95 одговараат на 19 дневна потрошувачка во Македонија,додека горивото Екстра лесно масло за домаќинство одговара на 37 дневна потрошувачка.

„Предметните деривати до 2015 година беа управувани од страна на трговското друштво складиштар Макпетрол АД Скопје. Со откажувањето на Макптерол АД Скопје од овие складишни капацитети, предметните горива се оставени на грижа на Дирекцијата. Горивата и во двата склада се во одлична кондиција,  што значи дека карактеристиките на хемиските и физички својства на истите согласно извршените редовни квалитативни и квантитативните контроли ги исполнуваат параметрите за квалитет“, вели Бекири.

СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА

Вели дека од продажбата, Дирекцијата ќе купи нови деривати. Фактор вчера објави дека станува збор за над шест милиони литри еуросупер БС од 95 октани и над седум милиони литри екстра лесно масло за горење. Продажбата на резервите заради обновување е вметната во посебен член од законот. Се предвидува одлуката за продажба на резервите да ја донесе Владата на предлог на Управниот одбор на Дирекцијата.

„Продажбата на нафтените деривати од став 1 на овој член се врши со усно наддавање или со непосредна спогодба. Почетната цена на задолжителните резерви кои се продаваат согласно овој член, изразена во денари за литар/килограм, се утврдува врз основа на одлука за определување на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологија, донесена од стрна на Регулаторната комисија за енергетика, која е важечка на денот на продажбата, во која не се вклучени трошоците за акциза, данокот на додадена вредност, надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, стои во членот 9 од предложениот закон.

Инаку во истиот член е наведено и дека почетнаата цена при продажбата со усно наддавање може да биде намалена најмногу шест отсто, односно да се даде попуст до 6 отсто.

Во законот е уредено и како точно ќе се врши усното наддавање. Ќе биде во три круга, првиот со почетната цена, вториот намалена за три отсто, третиот со цена намалена за шест отсто. Но, ако и по две неуспешни постапки за продажба на нафтените резерви со усно наддавање не се најде купувач тогаш резервите ќе се продаваат со непосредна спогодба.

„Кога се продаваат задолжителните резерви со непосредна спогодба, согласно став 1 од овој член, со одлука на Владата се определуваат видот и количините на нафтени деривати кои се продаваат, непосредниот купувач, како и намалувањето на почетнат ацена кое не може да изнесува повеќе од девет отсто“, стои во предлог законот.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор