БЕКТЕШИ: ДУИ може утре да извади десет илјади на улица, но интересот не е да се случат насилни протести
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2024
Kрешник Бектеши од ДУИ вели дека партијата може утре да извади десет илјади на улица, но не сакаат протестите да излезат од контрола.
„Интересот на ДУИ не е да се случат насилни протести“, вели членот на раководството на опозициската Демократска унија за интеграција во интервју за „360 степени“.
Бектеши не се согласува со тезата дека начинот на кој ДУИ ја практикуваше власта го „истроши“ нивниот партнер СДСМ.