28 Октомври, 2024
0.0249

ФОЛКСВАГЕН ПУКА: Затвораат фабрики - „Никој не е безбеден“

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Раководството на Фолксваген сака да затвори најмалку три од десет фабрики во Германија и да ги намали платите на преостанатите вработени за десет отсто, изјави претседателката на работниот совет на оваа компанија Даниела Кавало.

„Сите фабрики на Фолксваген во Германија се засегнати од овие планови. Никој не е безбеден“, рече Кавало во говорот пред вработените, нагласувајќи дека и позициите за кои е потребна минимална квалификација и работните места за кои е потребна универзитетска диплома се загрозени.

Volkswagen вработува околу 120.000 луѓе во Германија, од кои половина во главната фабрика во Волфсбург, пренесува Bild.

На останатите вработени ќе им се намали платата за 10 отсто, нема да им се зголемуваат платите во следните две години, а сегашната месечна стапка од 167 евра ќе се укине.

"Економското опкружување повторно се влоши, нови добавувачи доаѓаат во Европа. Покрај тоа, Германија особено заостанува во однос на конкурентноста. Ние како компанија сега мораме да дејствуваме доследно во оваа средина", изјави неодамна извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блуме.

Во септември, одборот на директори ја прекина гаранцијата за вработување во Фолксваген која постоеше повеќе од 30 години.

Б92

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА: Сепак стагнира во однос на еврото

ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА: Сепак стагнира во однос на еврото

РУСИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ: Уште колку време руската економија може да ја финансира војната?

РУСИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ: Уште колку време руската економија може да ја финансира војната?

БОЖИНОВСКА СЕ СРЕТНА СО БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Разговараа за подобрување на енергетската ефикасност

БОЖИНОВСКА СЕ СРЕТНА СО БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Разговараа за подобрување на енергетската ефикасност

РЕФОРМИ ВО ХРВАТСКА: Ќе се зголеми границата за пензионирање

РЕФОРМИ ВО ХРВАТСКА: Ќе се зголеми границата за пензионирање

Вице Заев стана доминантен сопственик на акционерските друштва „Герас Цунев“

Вице Заев стана доминантен сопственик на акционерските друштва „Герас Цунев“

ВО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ АНГАЖИРАНИ НАД 750 ЛОКАЛНИ ЖИТЕЛИ: Компанијата за досегашниот напредок:

ВО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ АНГАЖИРАНИ НАД 750 ЛОКАЛНИ ЖИТЕЛИ: Компанијата за досегашниот напредок:

Коце Трајановски: Експропријацијата за Бехтел и Енка ќе заврши до Нова година

Коце Трајановски: Експропријацијата за Бехтел и Енка ќе заврши до Нова година

ГРЦИЈА Е НАЈЗАДПОЛЖЕНА, А ЗЕМЈАТА СО НАЈМАЛ ДОЛГ ВО ЕВРОЗОНАТА Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Еве во каква финансиска состојба се земјите од Еврозоната

ГРЦИЈА Е НАЈЗАДПОЛЖЕНА, А ЗЕМЈАТА СО НАЈМАЛ ДОЛГ ВО ЕВРОЗОНАТА Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Еве во каква финансиска состојба се земјите од Еврозоната

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола