„ОТКАКО ПУКНА АФЕРАВА ЗА ФИТР, ДОБРО Е ШТО НЕ ОДБИЈА, МЕСТОТО НЕ НИ Е МЕЃУ ТАА БАНДА КРИМИНАЛНА“: Д-р Лазаров за време на ковидот отишол со проект во ФИТР, еве го искуството
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2024
Откако беше објавено дека 60 компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра во Фондот за иновации. Информацијата денеска на прес-конференција ја oбелодени в.д. директорот на Фондот, Никола Додов, кој сподели дел од наодите на внатрешната ревизија во институцијата, која е сè уште во тек. Тој најави кривични пријави и други правни мерки против компаниите кои ги направиле злоупотребите. , се огласи и докторот Ненад Лазаров, кој со подготвен проект за време на ковидот, отишол во ФИТР, за заштитна опрема во ковидот. На социјалните мрежи го сподели искуството.
„Во 2021 во сред ковид пандемија, отидовме со проект пред ФИТР
"Институт за 3Д Медицински принт и напредни технологии" со спремна екипа медицинари, инженери, програмери, кремот на ова поле од државата, да не разбереа и поддржеа ќе бевме во топ 10 земји кои работат ваква наука, на ниво заедно со Mayo Clinic!
Немам од проектната документација ништо освен овој драфт на слободна рака, во афект по состанокот во ФИТР се исфрлив.“, напиша тој.