28 Октомври, 2024
0.0330

Вице Заев стана доминантен сопственик на акционерските друштва „Герас Цунев“

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, со својата фирма Тотал Инженеринг стана доминантен сопственик на двете акционерски друштва од Струмица - АД за производство на конфекција и облека Герас Цунев и АД за трговија, услуги и консалтинг Герас Цунев.

Тотал Инженеринг, според она што денес го објави Централен Депозитар, има 73,30 отсто од сопственоста во првото, а 73.25 отсто сопственост во второто друштво. Остатокот како удел кај двете фирми останува во сопственост на Трајче Заев, братучедот на Вице Заев.

Според новата сопственичка структура објавена на Централен депозитар, може да се заклучи дека Тотал Инженеринг ги купил уделите во двете акционерерски друштва што ги имаа Снежана Јанева (околу 21,65 отсто) и Јавор Транс (околу 23,3 отсто), транспортната компанија на таткото и синот Симеон и Горан Крстев.

Фирмата на Вице Заев, која до денес имаше удел помал од 25 отсто во двете друштва, во четвртокот испрати известување до Македонска берза дека има намера да ги преземе за 310 денари по акција двете фирми.Беше соопштено дека за тоа се чека дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

На 18 октомври Македонска берза извести дека за околу 160 илјади евра се купени 48,26 отсто од акциите на Герас Цунев трговија АД Струмица и дека за истата сума од околу 160 илјади евра се преземаат 48,33 проценти од акциите на Герас Цунев конфекција АД Струмица.

Од крајот на септември Вице Заев е главен извршен директор во Управниот одбор на двете фирми и наедно директор на подружниците.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА: Сепак стагнира во однос на еврото

ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА: Сепак стагнира во однос на еврото

РУСИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ: Уште колку време руската економија може да ја финансира војната?

РУСИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ: Уште колку време руската економија може да ја финансира војната?

БОЖИНОВСКА СЕ СРЕТНА СО БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Разговараа за подобрување на енергетската ефикасност

БОЖИНОВСКА СЕ СРЕТНА СО БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Разговараа за подобрување на енергетската ефикасност

РЕФОРМИ ВО ХРВАТСКА: Ќе се зголеми границата за пензионирање

РЕФОРМИ ВО ХРВАТСКА: Ќе се зголеми границата за пензионирање

ФОЛКСВАГЕН ПУКА: Затвораат фабрики - „Никој не е безбеден“

ФОЛКСВАГЕН ПУКА: Затвораат фабрики - „Никој не е безбеден“

ВО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ АНГАЖИРАНИ НАД 750 ЛОКАЛНИ ЖИТЕЛИ: Компанијата за досегашниот напредок:

ВО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ АНГАЖИРАНИ НАД 750 ЛОКАЛНИ ЖИТЕЛИ: Компанијата за досегашниот напредок:

Коце Трајановски: Експропријацијата за Бехтел и Енка ќе заврши до Нова година

Коце Трајановски: Експропријацијата за Бехтел и Енка ќе заврши до Нова година

ГРЦИЈА Е НАЈЗАДПОЛЖЕНА, А ЗЕМЈАТА СО НАЈМАЛ ДОЛГ ВО ЕВРОЗОНАТА Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Еве во каква финансиска состојба се земјите од Еврозоната

ГРЦИЈА Е НАЈЗАДПОЛЖЕНА, А ЗЕМЈАТА СО НАЈМАЛ ДОЛГ ВО ЕВРОЗОНАТА Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Еве во каква финансиска состојба се земјите од Еврозоната

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола