ЗА СЕРТИФИКАТОТ ПО АНГЛИСКИ НА ХРИСТОВСКИ: Обвинителството ќе испитува дали е лажен
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2024
Обвинителството ќе испитува дали е лажен сертификатот за англиски јазик на Бојан Христовски, новиот директор на АНБ.
Скопското основно јавно обвинителство (ОЈО), дејствувајќи по допрен глас, ќе ги испита индициите околу уверението за положен ТОЕФЛ испит за познавање англиски јазик на новоизбраниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски, објави „СДК.мк“ повикувајќи се на извори во Обвинителството. Доколку Антикорупциската комисија во разумен рок не постапи, односно не ја заврши проверката која веќе е започната, ОЈО Скопје нема да ја чека и ќе отвори предмет.
Доколку сомневањата се основани, тогаш ќе се отвори (пред)истрага и македонското јавно обвинителство ќе бара докази преку соработка со колегите од Бугарија, пишува порталот.