Бектеши: Еден од договорите со стратешките инвеститори е многу спорен
Објавено во: Економија 09 Февруари, 2024
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање рече дека, по негово мислење, треба да се променат некои делови од договорите со трите стратешки инвеститори кои во моментов се озаконуваат по брза постапка во Собранието. Претходно, Собранието изгласа потреба по брза постапка да се озаконат специјални договори со „Митилинеос“, „АИМ Греен Тецх“ и „Акуо енерџи“.
- Јас лично, заедно со мојот тим, сметаме дека треба да има промени во некои делови., или пак таму одново да се репреговара со заинтересираните страни, рече Бектеши.
Министерот рече, без да открива, дека еден од договорите со стратешките инвеститори делува „многу сомнително“ и дека таму воопшто не бил вклучен тимот на Министерството за економија.
- Со двајца инвеститори има мислења од меѓународни експертки институции и таму делува дека се е во ред, но кај еден друг ние воопшто не бевме вклучени и мислам дека таму треба да има повторно нови преговори. Ако е потребно, ние сме подготвени да поднесеме барање да се вратат преговорите во формална владина процедура, нагласи Бектеши.
Министерот не сакаше да открие кој е тој инвеститор, но напомена дека во предвид ги земал и мислењата на Државното правобранителство, Комисијата за заштита на конкуренцијата, неколку релевантни министерства, ЕСМ и МЕПСО.
Најспорно за министерот е тоа што еден стратешки инвеститор ќе добие неколку видови на државна помош, а тоа не е предвидено во новите законски решенија за енргетика и обновливи извори на енергија.
- Никаде го нема тоа еден инвеститор кој добил државна помош во смисла на гарантиран откуп на електрична енергија, да добие и директна државна (финансиска) помош, искоментира Бектеши.
Министерот, според она на што алудираше, најмногу сугестиите водат кон „Митилинес“, грчката гасна централа, киоја ќе добие загарантиран откуп на електричната и топлинска енергија, како и 50 милиони евра помош од државата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.