Бектеши: Мерката за замрзнати цени на земјоделските производи нема да се продолжи
Објавено во: Економија 29 Мај, 2023
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес -конференција рече дека мерката за замрзнати цени на одредени земјоделски производи нема да биде продолжена по нејзиното завршување предвидено на 31 мај.
- Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи, имајќи во предвид дека, согласно податоците што ги имаме ние како Министерство за економија, повеќето од производите се и пониски од нивото на замрзнување кое сме го имале претходно, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.
Инаку, поради оваа мерка, голем дел од маркетите во малопродажбата се одлучија да не ги продаваат дел од производите опфатени со мерката.
Министерот во контекст на ова дополни дека ќе има реакција од страна на Владата само доколку од 1 јуни биде забележана злоупотреба од страна на трговците.
Бектеши рече дека инфлацијата во јуни ќе биде под нивото од 10 отсто и се очекува да биде помала од тоа што претходно било проектирано од Народната банка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.