Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на пратенички прашања рече дека условите кои биле понудени на Митилинеос, Акуо, АИМ Грин Тех и Хек Солар како потенцијални енергетски стратешки инвеститори се неприфатливи за новата власт.
Според премиерот, под предложените услови кои им ги нудела државата во неусвоените специјални закони, овие четири компании нема да инвестираат во градење на големи енергетски постројки.
„Акуо е француска реномирана компанија и беа кај мене. Им ги кажав трите суштински забелешки - земјоделско земјиште од прва, втора или трета категорија треба да се обработува и да се хранат македонските граѓани, и за тоа им предложив во опфатот да обезбедат земја од четврта и повисока категорија која не ја користат земјоделците
Второ, не може во четири очи договор, туку тоа да биде јавна и транспарентна постапка преку општината. Трето, соларните централи не вработуваат луѓе, толкава инсталирана можност може да направи технички импликации на системот. Во еден момент ќе има 400 мегавати кои нема да ви требаат. Прашањето беше кој ќе ве балансир?. Затоа им предложив да си стават батерии.
Не може да се купува струја по 55 евра за мегаватчас само од нив, а останатите да не им ги понудиме истоте услови. Што се тие попривилигирани од другите? Тие ми понудија дури и пониска цена, но тоа е друга тема.
Митилинеос- прво договорот им беше со изминат рок за банкарска гаранција. Под тие услови најмалку 10 македонски бизнисмени утре ќе инвестираат. Зошто да инвестираат странци? Нека ни дадат пола од тие услови за наши бизнисмени да инвестираат во Солун или Костур.
Истото важи и за Пехчево и за белгиската инвестиција. Не може на некои да дадеме зошто некој политички моќник имал интерес, а на други да не дадеме“, рече Мицкоски од собраниската говорница.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.