Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2024
Цената на кафето на светскиот пазар достигна највисоко ниво во последните пет децении. Рекордна цена на кафето, според упатените, е последица на тоа што овој производ е многу чувствителен на климатските промени, но и поради најавените повисоки царински зафати од страна на идниот американски претседател Доналд Трамп.
Кафето Арабика, најчесто одгледуваниот вид кафе, моментално се тргува со рекордни 320,10 американски центи за фунта на Њујоршката берза. Ова е највисоката цена од 1977 година.
Една од клучните причини за драстичното поскапување на кафето се неповолните временски услови во Бразил, најголемиот светски производител на кафе.
Бразил, кој доминира на светските пазари за кафе Арабика, оваа година се соочи со екстремна суша. Ваквите услови не само што ги намалуваат сегашните приноси, туку создаваат неизвесност за идните сезони, што дополнително ги зголемува цените на берзите, пишува Дојче веле.
Климатските промени имаат се поголемо влијание врз одгледувањето на кафето, кое е чувствително на температурни промени и суша. Бидејќи побарувачката за кафе не се намалува, а понудата е ограничена, пазарот доживува значителни нарушувања.
Дополнителен притисок врз цените на кафето доаѓа од промените во глобалната трговска политика. Најавата на Доналд Трамп за високи царини за увоз од Мексико, Канада и Кина предизвика загриженост кај производителите и преработувачите на кафе.
Мексико, еден од главните извозници на зрна Арабика во САД, може да се соочи со дополнителни трошоци, што дополнително ќе ги зголеми цените на кафето на американскиот пазар.
И покрај зголемените цени, потрошувачката на кафе продолжува да расте. „Робусните“ зрна, кои често се користат во мешавините на инстант кафе и еспресо, доживуваат слични проблеми. Во пораст е и цената на „робусните“ жита на лондонската берза, моментално на 5.200 долари за тон.
Производителите и покрај високите цени не сакаат да ги продадат своите залихи. Многу производители ги задржуваат залихите поради неизвесноста за идните приноси и можните нови нарушувања на пазарот.
Зголемувањето на цените на глобално ниво и берзите влијаат и на цените на кафето во продавниците и кафулињата. Иако некои пазари се делумно заштитени со долгорочни договори и залихи, се очекува крајните потрошувачи да ги почувствуваат ефектите од повисоките цени на кафето во блиска иднина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.