Бектеши: Ваучерите од 250 евра од почетокот на второто тромесечие
Објавено во: Економија 05 Февруари, 2021 07:00
Крешник Бектеши, министерот за економија, најави дека аплицирањето за туристичките ваучери од 250 евра во рамки на петтиот сет на економски мерки ќе започне на почетокот од второто тромесечие од годинава.
- Ваучерите ќе бидат со поголема вредност - од 100 се зголемуваат на 250 евра, а на почетокот од вториот квартал граѓаните ќе ја имаат можноста да аплицираат, рече Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма.
Од претходно е веќе познато дека ќе ги добијат семејствата со месечни приходи не поголеми од 30.000 денари, а фондот ќе биде ограничен и ќе се доделуваат по принципот „Прв дојден, прв услужен“.
Бектеши уште еднаш повтори дека ќе се отпишуваат каматите од долговите кон јавните претпријатија на национално и локално ниво за граѓаните, а меѓудругото фирмите ќе бидат стимулирани со неколку нови повластувања преку законски измени.
- Ќе се направат законски измени за поддршка за оние кои ќе инвестираат во корона-кризата, а ќе се промени и Законот за царина за извозно ориентираните компании, наведе министерот.
Тој додаде дека денеска и во понеделник Владата ќе ги одржи преостанатите состаноци со коморите и синдикатите и другата недела премиерот Зоран Заев ќе ги соопшти мерките од петтиот пакет.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




