Бектеши: Зимоска ќе имаме поевтино јужно овошје
Објавено во: Економија 28 Септември, 2023 10:55
Министерот за економија, Крешник Бектеши, во емисијата „Студио 10“ претпладнево на ТВ24 рече дека е одлучено да се зголемат дозволените квоти за увоз на јужно овошје во Македонија со што очекува да се намалат цените на овие продукти во текот на годината.
„Зголемени се квотите за лимони, портокали, мандарини. Наместо 8.000 тони за јужно овошје, се зголемува за 2.000 тони до крајот на годината и зимоска ќе имаме пониски цени“, рече Бектеши во телевизиското гостување.
Министерот откри и дека ова утро од Владата е донесена одлука за намалување на царинските давачки при увоз на овошје и зеленчук, со што се очекува и тоа да влијае на цените дополнително како олеснување. Одлука со која царините за увоз на овошје и зеленчук од 65 отсто се намалуваат на 10 проценти денеска донела Владата.„Утрово има намалување на царинските давачки за зеленчук и овошје и одлуката веднаш влегува во сила, освен за домати, краставици и пеперки. За овој зеленчук одлуката ќе влезе во сила од 1 декември“, наведе Бектеши.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




