20 Декември, 2025
0.0582

‘‘Бекутан Радосница‘‘ е добитник на прва награда за најдобра кампања на социјални медиуми

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2013 10:52

Добивај вести на Viber

Во силна конкуренција на повеќе од триесетина финалисти , проектот ‘‘Бекутан Радосница‘‘ на Алкалоид АД Скопје е добитник на наградата Златен Семплер (Golden Sempler) на овогодинешниот медиумски настан Семпл во Порторож, Словенија. Жирито, во интернационален состав, ја прогласи кампањата на Алкалоид ‘‘Бекутан радосница‘‘ за победник во категорија најдобра кампања реализирана на социјалните медиуми. Бекутан дигиталната радосница е современа, електронска верзија на добро познатите детски радосници, создадена со цел да се зачува традицијата на креирањето ‘‘ книга на спомени‘‘ независно од трендот на новите технологии. Во оваа Фејсбук Радосница, родителите можат на многу едноставен начин да ги сочуваат сите важни моменти и спомени за своите деца, но и да ги споделат со своите роднини и пријатели кои исто така можат да учествуваат во креирањето на содржината. Веднаш по нејзиното активирање, Фејсбук радосницата предизвика огромен интерес во Македонија, Хрватска, Србија, Словенија... и до денес, креирани се повеќе од 10.000 радосници. Зад креирањето и реализацијата на Бекутан Радосницата стои ангажманот на маркетинг агенцијата Меккен Скопје, а наградата Златен Семпл е прва награда за Македонски проект од овој фестивал. Семпл е интернационален медиумски настан чија цел е да претстави нови трендови и да ги анализира најдобрите практики. Секоја година, настанот собира на едно место стотици учесници од светската маркетинг и медиумска индустрија. Семпл е познат по квалитетот на својата програма, квалитетот на проектите и можностите за поврзување.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии