15 Декември, 2025
0.0578

Белата куќа заклучи дека Путин е виновен за соборувањето на авионот „MH17“

Објавено во: Свет 26 Јули, 2014 11:26

Добивај вести на Viber

Белата куќа соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин е „виновен“ за соборувањето на малезискиот авион над воената зона во Украина и напомена дека ЕУ и Г7 работат на воведување нови санкции за Москва.

„Она што исто така го знаеме е дека авионот „Малезија ерлајнс“ е соборен со ракета која е исфрлена од земјата. Исфрелена е од земјата во подрачјето кое се наоѓа под контрола на сепаратистите и каде Украинците, всушност сами не користеле противавионско оружје во тој момент“, изјавил портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

„Затоа заклучивме дека Владимир Путин и Русите се виновни за оваа трагедија“, додаде тој.

Потпретседателот на САД Џозев Бјаден вчера разговараше со украинскиот претседател Петро Порошенко за истрагата на оваа несреќа, како и за политичката динамика во Украина, наведува Белата куќа во одвоено соопштение кое го пренесува Ројтерс.

„Претседателот Порошенко истакнал дека, и покрај распуштањето на владеачката коалиција во украинскиот парламент, владата ќе продолжи да работи на клучните економски реформи“, соопшти Белата куќа.

„Порошенко исто така, го известил потпретседателот Бајден дека Русија продолжила да ги обезбедува сепаратистите со тешки наоружувања и опрема и дека на украинските војници се повеќе и повеќе се пука од страна на руската граница“, наведува Белата куќа.

Бајден му рекол на Порошенко и дека САД работат со ЕУ и Г7 на воведување нови санкции на Русија поради „крајно дестабилирачките и неодговорни постапки во Украина“.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете