„Белене“: нуклеарна централа за која САД и Русија водеа политичка војна на Балканот?
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2013 09:11
Референдумот беше распишан на иницијатива на опозициската Социјалистичка партија за да ја натера владата да ја смени одлуката да го раскине договорот со Русија за изградба на Белене. Иако, последните истражувања покажуваа дека голем е бројот на граѓани кои ја поддржуваат изградбата на нова нуклерна централа, сепак референдумот пропадна.
Белене почна да се гради во 2008, но изградбата беше запрена
Некаде во септември 2008 година, Бугарија сепак започна со изградба на овој мегапроект вреден четири милијарди евра. Инвеститор беше бугарската компанија „НЕК“ (еден од најголемите балкански извозници на електрична енергија) со 51 процент. За останатите 49%, требаше да се вклучи германски RWE, но овој енергетски концерн се повлече од игра, бидејќи предвидените трошоци од 4 се искачија на 11 милијарди евра. Во 2008 година тогашната влада која ја предводеа социјалистите на чело со Сергеј Станишев, склучија договор со рускиот државен концерн „Атомстројекспорт“ за изградба на нуклеарка во Белене. Но, со доаѓањето на власт на конзервативецот Бојко Борисов овој проект комплетно беше затворен.
Руски „Атомстројпроект“ бара отшета од Бугарија од милијарда евра
Руската државна компанија за изградба на нуклеарни централи „Атомстројекспорт“ веќе бара една милијарда евра отштета од бугарски НЕК бидејќи отпадна од проектот за изградба на нуклеарната централа „Белене“, пишуваше ИТАР-ТАСС. Спорот меѓу двете компании се води пред Меѓународната арбитража во Париз, Франција. Откако Бугарија најави дека ќе се откаже од изградба на новата нуклеарна централа, со моќност од 2.000 мегавати, премиерот Борисов истакна дека на руски „Атомстројекспорт“ ќе им биде исплатен едниот, веќе изградениот реактор.
Контроверзии го следеа проектот од самиот почеток
Проектот Белене не мина без контроверзи. Противниците, екологистите сметаа дека нуклеарните централи се опасни жаришта. Подржувачите пак уверува дека Белене е последен крик на модерната технологија, а граѓаните стравуваа од балкански Чернобил.
„Франција има 50 нуклеарни централи, никој ништо не се пожалил. Една дури има и во Париз и сите си живеат мирно“, коментираа тогаш луѓето од бугарската компанија „НЕК“ која инсистираше на изградба на нуклерката. „Сакаме да се заштитиме од променливите цени на нафтата и јагленот. Едноставно да бидеме во состојба на независност од надворешните извори на енергија“, велеа од раководството во Белене.
Идеја стара од 1981 година
Проектот за изградба на атомската централа „Белене“ е уште од 1981 година, а првпат беше прекинат по девет години поради финансиските проблеми со кои се соочуваше земјата и притисокот од еколошките здруженија, кои се противеа на изградба на нуклеарка во сеизмички активен регион.
Бугарија во средина меѓу САД, ЕУ и Русија
Речиси сите земји во регионот се соочуваат со ист проблем. Недостаток на струја, истрошени термо централи, слаби водни ресурси. Но, во овој бизнис се поизвесно е дека има многу повеќе политика. Минатата година, весникот Нова Македонија пренесе текст од московски „Комерсант“ пишуваше за изјави од неименувани руски функционери кои наводно учествувале во преговорите за „Белене“ и тврделе дека одлуката на Софија да се откаже од проектот Белене е политичка и дека е донесена под влијание на САД. Весникот посочува и на тајните американски дипломатски документи што ги објави Викиликс, кои укажуваат дека американската амбасада во Софија и американската компанија „Вестингхаус“ вршеле притисок врз бугарските власти. Агенцијата Ројтерс пишуваше дека Брисел и Вашингтон долго време изразуваат загриженост дека руската централа „Белене“ ќе ја зацврсти бугарската зависност од Русија. Колку за потсетување, пред пристапувањето во ЕУ во 2007 година, Бугарија под притисок на Брисел мораше да затвори четири од вкупно шест блокови во централа Козлодуј.
Мишко Иванов
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





