Белгија ќе го тужи „Фејсбук“
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2015 18:55
Белгиски суд започнува оваа недела тужба против „Фејсбук“ поради злоупотреба на лични податоци, објавија локалните медиуми.
Националната комисија за заштита на личните податоци утврдила дека американската социјална мрежа не ги почитува европските и белгиските закони. Според студија на фламанскиот центар за дигитални истражувања (iMinds) и Слободниот универзитет во Брисел, „Фејсбук“ обработува тајно за личните податоци на своите претплатници и на други корисници на интернет, без да им побара согласност.
Во други информации се истакнува дека до крајот на годината во Антверпен, вториот по големина белгиски град, ќе биде воведено следење на движењето на граѓаните, благодарение на сигналите од нивните мобилни телефони.
Градоначалникот на градот Барт де Вевер објаснува дека личниот живот на луѓето нема да биде засегнат, бидејќи собраните податоци ќе бидат обработени анонимно.
Општината го има нарачано проектот „Град на работите“ од центарот „iMinds“. Предвидено е да бидат собирани податоци за донесувањето на главните градски улици. Официјално причината за воведување на ова следење е да се воспостави „како луѓето се движат во градот“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




