Белгијците масовно купуваат имоти во Шпанија
Објавено во: Анализа
16 Јули, 2014 08:59
Добивај вести на Viber
Првиот квартал од тековната година бројот на белгиските граѓани кои купиле недвижен имот во Шпанија, е зголемен за речиси 30 проценти во однос на истиот период минатата година, објавија локалните медиуми.
Според податоците на Здружението на шпанските нотари во првите три месеци на 2014 година Белгијци станаа сопственици на над 1.000 имоти во Шпанија. За истиот период во јужната држава биле продадени 81 000 имоти, од кои 15 000 (18 проценти) биле купени од странци.
Минатата година Белгијците поставија рекорд во бројот на трансакциите со Realtor во Шпанија - 3804, но се очекува оваа година рекордот да биде подобрен. Вложувањата во недвижен имот во Шпанија се објаснуваат со падот на цените на имотот покрај светската криза.
Пред еден месец Народната банка на Белгија соопшти дека заштедите на Белгијците исто така бележат рекорд и надминуваат 252 милијарди евра. Споредено со минатата година оваа заедничка сума е зголемена со 7 милијарди евра и важи само за заштеди во белгиски банки.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени