17 Декември, 2025
0.0966

БЕЛГРАД: „Парада на гордоста“ против „Парада на семејството“!

Објавено во: Балкан 28 Септември, 2014 12:19

Добивај вести на Viber

Полицијата целосно го затвори централниот дел на Белград каде што треба да започне Парадата на гордоста, организирана од повеќе ЛГБТ здруженија. Пет лица се веќе приведени, под сомнение дека подготвувале инциденти. Од утрово целиот град е практично под полициска опсада, поради стравувањата дека за време на манифестацијата се можни инциденти. Забрането е движење на возила низ централните и најпрометните улици во градот, а променет е и режимот на јавниот градски превоз. Учесниците на парадата веќе започнаа да се собираат, а поддршка се очекува да им даде и белградскиот градоначалник Синиша Мали. Српскиот премиер Александар Вучиќ, пак, најави дека нема никаква намера да се појави на парадата, но ќе стори се за да го овозможи нејзиното непречено одржување. Како е на улиците на Белград од утрово, повеќе на следниот линк: (ВИДЕО) Белград од утрово под опсада – геј парада ќе има, есктремната десница најавува контра-протест Есктремноте десничарско движење „Двери“, пак, за попладнево ги повика граѓаните да излезат на протестна семејна прошетка, на која ќе го изразат своето несогласување со парадата. Оваа манифестација треба да се одржи под мотото: „Традиционален брак, семејство и деца - никако геј парада!“

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни