Белград побара да се истражи нападот врз српскиот премиер во Сребреница
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2015 21:45
Српските власти побараа од Босна и Херцеговина веднаш да се истражи нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ во Сребреница и виновниците да бидат казнети, пренесоа агенциите, повикувајќи се на протестната нота врачена на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Царндак.
„Српскиот премиер Александар Вучиќ покажа со своето присуство подготвеност да се поклони пред жртвите во Сребреница и направи чекор кон развојот на односите како со регионот, така и со целата земја. Од високите функицонери на Босна и Херцеговина очекуваме јавна осуда на обидот за убиство на српскиот премиер“, се наведува во нотата.
Вучиќ беше погоден со камен во лицето и полесно повреден за време на комеморацијата во Сребреница, посветена на 20-годишнината од масакрот на 8.000 босанските муслимански мажи и момчиња. Да им оддадат почит, во Меморијалниот центар Поточари пристигнаа премиерот на Србија, Вучиќ, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, на Словенија, Борут Пахор и други високи гости и дипломати.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




