Белград побара истрага од Босна поради нападот врз Александар Вучиќ
Објавено во: Балкан 13 Јули, 2015 20:22
Министерството за надворешни работи во Белград упатило барање до властите во Босна за нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ во Сребреница на 11-ти јули да бидат идентификувани и казнети напаѓачите, пренесе „Balkan Insight“.
„Сакаме целосна истрага. Не само истрага без резултат, а апсења - и тоа не само на директните сторители, туку и на организаторите на „нападот“, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Дачиќ го опиша нападот како „обид за убиство и линч на премиерот на една држава“.
Според локалните медиуми, досега има само еден уапсен.
Нападот над Вучиќ со камења и шишиња ја помрачи 20-годишнината од геноцидот во Сребреница. За време на церемонијата, на која Александар Вучиќ одлучи да присуствува, им оддаде почит на над 8.000 убиени босански мажи и момчиња во утврдената од ОН „безбедна зона“ во 1995 година.
Иако Вучиќ одбива да го користи терминот „геноцид“, тој одлучил да присуствува на денот на комеморацијата. Тензиите околу годишнината ескалираа и откако Русија, сојузник на Србија, стави вето на резолуцијата со која се осудува масакрот во Советот за безбедност.
Според српските изданија по појавата на Вучиќ толпата почнала да го гаѓа со различни предмети, и еден од нив го удрил премиерот во лицето и му ги скршил очилата.
Многу европски лидери исто така го осудија нападот.
Од Советот на министри (извршната власт во Босна) го осудија нападот и исто така побараа истрага. Кон нив се приклучија и многу европски лидери, меѓу кои и шефицата за надворешна политика и политиката за безбедност на ЕУ Федерика Могерини.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




