Добивај вести на Viber
Обвинителот за воени злосторства во Србија, Милан Петровиќ вели дека ако претседателот на Косово, Хашим Тачи влезе во неговата земја сигурно ќе биде уапсен, затоа што судот во Белград распиша потерница за него.
Иако Министерството за правда достави налог за апсење до Интерпол, меѓународната организација, според резолуцијата на нејзиното Генерално собрание, може во одредени околности да го запре налогот за апсење.
Овде тоа и се случи, откако Косово, кое многу членки на Интерпол го признаа, го изрази протестот за својот државјанин.
„Во случајот Тачи, нема „црвен налог за апсење“ со кој би можел да биде уапсен во која било земја, па поради тоа секоја држава се однесува според сопствена проценка“ - вели тој.
Петровиќ објаснува дека Тачи може и во некоја друга земја освен во Србија да биде уапсен.