05 Декември, 2025
0.0369

Белград – седиште на Икеа, компанијата влегува на Балканот!

Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2013 12:11

Добивај вести на Viber

ИКЕА планира да инвестира во Србија, 250 милиони евра во отворање и развој на пет стоковни куќи каде што ќе вработи повеќе од 2.000 луѓе, но се уште не се знае точно кога ќе се финализира инвестицијата. Како што пренесе Танјуг, од страна на светски познатиот производител на мебел, било посочено дека изградбата на првата фабрика ќе трае 12 месеци и дека тие се подготвени да започнат со градба веднаш штом се завршат потребните административни постапки. Локациите веќе се избрани, а партнерите веќе потпишале пред-договор, а сега се чека надлежните институции што поскоро да го решат проблемот со приватизација на земјиште, што е важен предуслов за проектот. „После тоа, останува прашањето на добивање на локација, изградба и други релевантни дозволи. Ние веруваме во ветувањето на градските власти и Владата дека сè ќе биде направено брзо,ефикасно и во согласност со законот. Ние сме во постојан контакт со претставници на локалната и централната власт, а соработката оди добро ", велат од компанијата. Според планот, ИКЕА прво ќе изгради стоковна куќа во Белград, а потоа во Нови Сад, Ниш, уште една во Белград, а петтата локација се уште не е пронајдена, но ттреба да биде во јужна Србија. „Зборуваме за долгорочни инвестиции во следните неколку години, а темпото на изградба на продавници во овој момент не може да го предвидиме, бидејќи тоа ќе зависи од развојот на пазарот, куповната моќ на населението и целокупната економска ситуација", објаснуваат од Икеа за Танјуг. Како што е наведено, согласно стратешките одлуки на ИКЕА, на српскиот пазар освен што ќе се отворат продавниците, ќе се работи и на понатамошно развивање на соработката со домашните производители на мебел. „Задоволни сме со нашето искуство во Србија и партнерства со локалните производители.Со Симпо соработуваме со повеќе од 30 години. Прометот достигна ниво од 20 милиони евра во 2012 година, а само пред четири години беше на ниво од 2,5 до 3 милиони евра,“ велат од компанијата. Успешна соработка има и со компанијата „Jasen-Lukić“, каде има обрт од околу пет милиони евра. Регионот, кој ги вклучува Словенија, Хрватска, Романија и Србија, со седиште во Белград  е еден од регионите кои се во постојан развој и затоа, велат тие, тоа е многу важно за ИКЕА.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии