19 Мај, 2024
0.0293

Белградски „Блиц“: Кој е најбогат а кој најсиромашен политичар?

Објавено во: Балкан 25 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Белградскиот „Блиц“ направи истражување кое го покажува имотот на политичарите во регионот.

Сите претседатели и премиери од земјите во регионот имаат решение за стамбено прашање, заработуваат од 1.000 евра па нагоре и главно штедат во банките, пишува Белградски „Блиц“.

 Премиерот на Србија Александар Вучиќ е „најсиромашен“ од сите свои колеги во околните републики. Тој заработува нешто повеќе од 1000 евра и освен станот од 30 квадрати нема ништо друго, ни заштеда ниту автомобил. Од друга страна неговата словенска колешка Аленка Братушек е најплатена премиерка во регионот со заработка од  4.712 евра месечно. Покрај тоа шт има имот (куќа, земјиште, овоштарник) таа е сопственичка и на автомобил „Мерцедес“ А класа од 2010. Меѓу поплатените во регионот е и Зоран Милановиќ, кој заработува 2.689 евра.

Нешто повеќе од него заработува црногорскиот премиер Мило Џукановиќ 1.131 евро, но неофицијалната проценка дека тој е можеби и најмоќниот од сите премиери на поранешните републики на СФРЈ, со оглед на тоа дека освен недвижности, е сопственик на компанијата „Капитал инвест“, 25 одсто од компанијата „Универзитас“ и 50 одсто од фирмата „Глобал Монтенегро“.

Кога се во прашање претседатели, Томислав Николиќ е меѓу „сиромашните“. Тој заработува најмалку 1273 евра, но по недвижнините може да им парира. Николиќ поседува стан од 194 квадрати, како и ниви, овоштарници и пасишта кои се простираат на околу 14 хектари, штеди во банка и има два автомобили: „Лада нива“ и „Ауди А6“.

Претседателот на РС Милорад Додиќ пријавил имот вреден речиси 1,5 милиони евра, што вклучува три стана и две куќи. Тој има и автомобил произведен во 2006 вреден околу 20.000 евра. Се занимава со земјоделство и од оваа активност во 2013 година заработил 50.000 евра. Во односна 2010 осиромашил како што кажува поради кризата. Тогаш пријавил имот од 8,3 милиони евра.

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ заработува скоро три пати повеќе од Николиќ 3249 евра, има стан, канцеларија, заштеда во банка од 300.000 евра. Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ има стан од 157 квадрати, дел од куќа во Суто Море и скромен раборен простор од околу 30 квадрати.

Словенскиот премиер Борут Пахор живее во стан од 80 квадрати, наследил третина од куќа и вози „Рено 4“ старо 25 години.

Според белградски „блиц“ нашиот премеир заработува 1300 евра и не поседува имот. Има 30 уметнички слики кои вредат околу 9176 евра и заштеда во банка од 33.310 евра и 4939 франци.

Претседателот Иванов пак, заработува 1500 евра и поседува стан од 75 м2 и земјиште во вредност од 24.711 евра. Во банка има заштеда од 100.618 евра и 277 долари.

Извор: „блиц.рс“

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија