05 Декември, 2025
0.0573

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ втор по квалитет во Европа!

Објавено во: Балкан 04 Март, 2013 07:24

Добивај вести на Viber

Заблагодарувајќи на гласовите од патниците, белградскиот Аеродром „Никола Тесла“ прогласен е за втор во Европа и седми во светот по квалитетот на услуги и инвестиции, покажало истражување од меѓународната агенција „I-Drims“, објави српската агенција Танјуг. Анкетирани се 14 милиони патници, а клиентите нагласиле дека во оценувањето главен критериум им бил комфорот и модерноста. Белградскиот аеродром ги претекнал дури и стокхолмскиот и амстердамскиот, а за да воопшто се најде на листата потребни биле многу нови инвестиции и зголемување на обемот на патници секоја година за 20%. Аеродром „Никола Тесла“, во последните две години доби нови содржини, како што се ВИП салон, салон за деца, голем фришоп, два ресторана, па патниците сега може многу повеќе време да поминат во таканаречената трансфер зона.. Исто така, завршена е и првата фаза од реконструкцијата на терминалот, воведена е современа електронска опрема за детекција на оружје и експлозив, реконструирани се тоалетите, а со новите додатоци на самите излазни терминали е создадена база за нов простор. Претходно е најавено продолжување со вложувањата во модернизација и инфраструктура и воведување на нови услуги и содржини. Планирано е отворање на продавници од најпознатите светски брендови, но и српски продавници, каде ќе се продаваат домашни производи, народни ракотворби и сувенири. Најавено е исто така дека за севкупната реконструкција на белградскиот аеродром во следните три години ќе бидат вложени околу 40 милиони евра од сопствени приходи, објави агенцијата Танјуг. Обработка Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии