19 Декември, 2025
0.0430

Бензините и дизелот поскапуваат од половина до еден денар

Објавено во: Економија 20 Мај, 2013 13:46

Добивај вести на Viber

Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат од половина до еден денар за литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-98 и Еуродизелот ќе биде повисока за половина денар и ќе изнесува 80,50 денари, односно 67,50 денари за Еуродизелот. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар за литар, така што новите цени ќе изнесуваат за Еуросуперот 79 денари, а за Екстра лесното  56,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,716 денари за килограм и ќе изнесува 41,517 денари.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 103,35 долари за барел и е за 2,26 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта (101,066 долари/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 47,15 денари за долар и е за 0,2 отсто понизок од курсот на доларот (47,2534 ден/долари) по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,18 отсто или за 20,02 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 2,23 отсто или 18,62  долари за тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,29 отсто или за околу 13,25  долари за тон.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар